Су-25
Виталиј Тимкив/SputnikОд рускиот воен ресор велат дека одделни медиуми во Велика Британија и САД повторно се обидуваат да го протуркаат како вистински настан она што тие би сакале да се случело, пренесуваат руските медиуми.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија се наведува дека во средата, 13 декември, два јуришни авиони у-25 на висина од 3300 метри следеле хуманитарен конвој на подрачјето на градот Мајадан (западен брег на реката Еуфрат).
Од источната страна на брегот на Еуфрат на руските авиони им се приближил американски ловец F-22. Исфрлајќи термички мамки, F-22 им правел пречки на двата руски Су-25, соопшти рускиот воен ресор.
Руски Су-35С кој на висина од десет илјади метри обезбедувал заштита од воздух молневито му се приближил на F-22 одзади, по што американскиот ловец го напуштил тоа подрачје, нагласува МО на РФ.
Телевизиската станица Си-Ен-Ен, повикувајќи се на двајца американски воени претставници, вчера соопшти дека два авиони-ловци на американското Воено Воздухопловство F-22 биле испратени за да пресретнат борбени авиони на ВКС на Русија на небото над Сирија на подрачјето на реката Еуфрат. Подоцна Централната американска команда ја потврди таа информација, пренесува порталот „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче