Објавено видео од пресретнувањето на американскиот бомбардер од Су-27

На интернет се појави видео-снимка од пресретнувањето на американскиот бомбардер од руски ловец Су-27 на небото над Балтичкото море.

На снимката објавена на „Јутјуб“ се гледа како рускиот ловец Су-27 го пресретнува американскиот бомбардер над Балтичкото море.

Пентагон на 10 јуни објави фотографии од пресретнувањето на американски бомбардер од страна на руски ловец Су-27 на небото над подрачјето на Балтичкото море. Еден ден претходно Министерството за одбрана на САД соопшти дека на 9 јуни руски авион извршил вообичаено и безбедно пресретнување на американски воздухоплов.

Летот на американските авиони беше во рамките на маневрите „Балтопс“.

На снимката јасно се гледа како рускиот ловец лета многу блиску до американскиот бомбардер, буквално на растојание од неколку метри. Пентагон претходно во такви случи изјавуваше за непрофесионално пресретнување, како за сличниот инцидент во Сирија. Меѓутоа, овој пат немаше забелешки за рускиот авион, пишува „Взгљад“.

Норвешка исто така неодамна соопшти дека руската авијација безбедно пресретнала нејзин авион.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња