Струја во дивина: Воена хибридна електрична централа на тркала

Виталиј В. Кузмин
Во Курск е направена уникатната мобилна централа СГДЭС-30 која ќе ги снабдува со електрична енергија воените бази, улогорените единици и караулите. Таа може ефикасно да снабдува со струја цели единица, како и поединечни возила оддалечени од нивната постојана база.

Централата се разликува од сличните проекти по тоа што користи неколку извори за создавање на електричната енергија. Покрај вообичаениот агрегат на дизел гориво од 30 киловати, таа е опремена и со соларни панели и генератор на ветер. Има дури и мал генератор на вода. Според производителот, оваа мини електрана може да влезе во помала река или поток и со помош на водениот тек да ја создава потребната електрична енергија.

Во споредба со обичниот агрегат на дизел гориво, ваквата електрична централа има далеку поголема моќност при максимално оптоварување, а хибридниот принцип на работа ѝ овозможува да прави многу помала бучава, бидејќи агрегатот на дизел гориво се користи првенствено за полнење на литиум-јонските батерии на самата централа, што значително ја намалува потрошувачката на гориво и трошоците за сервисирање.

Модуларната конструкција на СГДЭС-30 е максимално прилагодена за употреба во различни природни услови. На пример, соларните панели можат да се заменат со дополнителниот генератор на ветер, и обратно, во зависност од должината на денот и ноќта на теренот каде што се користи централата.

Сите генератори на електрична енергија се компактно наредени во блиндиран контејнер, а контејнерот може да се монтира на теренско возило КАМАЗ-6350 или на приколка со четири тркала.

Според мислењето на воените експерти, оваа централа ќе ѝ биде од голема корист на руската војска за време на извршувањето на задачите на подрачја со различни климатски услови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња