Футуристичкиот руски трамвај никогаш нема да застане на шините

Прототип на трамвајот „R1“ (Russia One)

Прототип на трамвајот „R1“ (Russia One)

Global Look Press
Нема купувачи за трамвајот дизајниран од „Ростех“ и наречен „Ајфон на шини“.

Трамвајот со футуристички дизајн наречен R1 (Russia One - „Русија Еден“) нема да се појави на улиците на државата откако корпорацијата „Ростех“ – која го произведе трамвајот – не успеа да најде купувач.

Првпат презентиран на годишниот Меѓународен саем за индустриска трговија ИННОПРОМ во 2014 година, трамвајот беше наречен „Ајфон на шини“ и „Бетмобил“.

Трамвајот беше наречен „Ајфон на шини“ и „Бетмобил“.

„Проектот не најде купувачи“, изјави директорот за Посебни проекти во „Ростех“ Василиј Бровко. „R1 е навистина многу убав. На сите им се допаѓаше R1 и тоа предизвикуваше возбуда, но никогаш не успеа да се најде на пазарот – и никогаш нема. Прво, нема подвозје и второ, трамвајот не може лесно да се поправа. Доколку некој скрши нешто беше целосно нејасно како ќе нарачате резервен дел и колку долго ќе треба да го чекате“.

R1
R1

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња