Путин ги предупреди Русите дека САД прибираат нивен биолошки материјал

Getty Images
Стручњаците тврдат да странци прибираат биолошки податоци на руските етноси.

Рускиот претседател Владимир Путин на 30 октомври изјави дека го интересира зошто странците го собираат она што тој го опиша како „биолошки материјал на Русите“. 

„Дали знаете дека биолошки материјал се собира по целата земја? Материјалот им припаѓа на различни етноси и луѓе кои живеат во различни географски подрачја на Русија. Прашањето е зошто се прави тоа“, изјави Путин на седницата на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права. 

Според зборовите на неговиот портпарол Дмитриј Песков, овие информации се добиени од руските специјални служби. „Вистина е дека некои претставници на невладини организации спроведуваат такви активности“, рече Песков и додаде дека „таквите инциденти се евидентирани и дека специјалните служби и, се разбира, претседателот навистина имаат такви информации“. 

Кому му треба биолошки материјал на Руси?

Рускиот сенатор Франц Клинцевич претпоставува дека материјалот го собираат западните разузнавачки служби за да создадат биолошко оружје против припадниците на различните руски етноси, но руските научници велат дека таа верзија е малку веројатна. 

Според директорот на „Генотек“ Валериј Илјински, собирањето на руски биоматеријал е потребно за проучување на генетската разноликост на етносите. 

„Колку што знаеме, во нашата земја постојат два центра кои прибираат биоматеријали на различните народи во Русија и им испраќаат податоци на колегите во САД. Едниот таков центар се наоѓа во Москва, а другиот во Санкт Петербург“, рече Илјински за РИА „Новости“. 

„Главната цел на ова истражување е, како што последниве години се наведува во публикациите, проучување на генетската разноликост на различни етноси во Русија, барање разлики меѓу нив, вклучувајќи ги и болестите на кои тие се подложни, и опишување на таа разноликост“, додаде Илјински.

САД летото 2017 година распишаа тендер за собирање 12 примероци на рибонуклеинска киселина (РНА) од Русије. Во барањето беше наведено дека „сите примероци мораат да бидат земени на рускиот Кавкас и дека не им се потребни примероци на Украинци“. Не е наведено која е целта на овој тендер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња