Војската на САД сака да купи живо ткиво на Руси

Авиони-ловци F-22 „Раптор“ на Военото воздухопловство на САД.

Авиони-ловци F-22 „Раптор“ на Военото воздухопловство на САД.

AP
Командата на американското Воено воздухопловство објави тендер за откуп на РНК и синовијална мембрана на Руси од европеидна раса.

Според тендерот, објавен на 19 јули на страницата за јавни набавки Federal Business Opportunities, Военото воздухопловство на САД е заинтересирано за купување 12 примероци рибонуклеинска киселина и 27 примероци на синовијална мембрана.

„Сите примероци на свежо замрзната синовијална мембрана на здрав човек и рибонуклеинска киселина на здрав човек мораат да бидат од руско/европеидно потекло“, се вели во тендерот, пренесува RT.

Меѓу условите на договорот е и потсетување дека донаторите на синовијална мембрана не смеаат да имаат повреди на мускулно-коскениот состав, да боледуваат од ХИВ, хепатитис-Б или Ц или сифилис. При доставувањето на примероците е неопходно да се наведе полот, возраста, етничката припадност, да се наведе дали станува збор за пушач, да се приложи медицинска историја, висина, тежина и други податоци.

Исто така, се наведува дека примероци на донори од Украина нема да бидат прифатени.

Во тендерот не е прецизирано зошто командата за обука на американската воена авијација има потреба од биоматеријал од Руси.

Американската војска во последно време често објавува тендери кои на разни начини се поврзани со Русија. Во април Министерството за одбрана на САД објави дека планира да набави макети на тенкот Т-72, а во мај Пентагон почна да бара предавачи за руска воена терминологија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња