Анализа: 6П62 рафален „топ“ во единиците на воздушно-десантната војска

Youtube
Појавувањето на рускиот експериментален митралез 6П62 со калибар од 12.7 милиметри неочекувано помина тивко и незабележливо, вклучувајќи ги и средствата за масовно информирање, односно Интернетот. Постојат само неколку прикази на неговите техничко-тактички карактеристики, неколку фотографии на кои се гледа неговиот дизајн, и тоа е сè. Не постои ниту една официјална презентација, ниту збор за луѓето што го имаат конструирано ова оружје.

Според достапните информативни ресурси, станува збор за оружје чија основна намена е борба против лесноопколените цели, против живата сила на непријателот, како и борба против нисколетачки воздушни објекти, како што се на пример беспилотните летала и хеликоптерите. За поголема прецизност на огнот и за комодитетот на стрелачот за време на гаѓањето, можна е брза интеграција на овој митралез на фиксни и мобилни средства. Тоа можат да бидат митралески потпори или подвижни платформи како што се оклопни борбени средства („Тигр“, „Волк“, „Тајфун“, „БМД-4“ и сл.). Но, во голем број случаи замислен е борецот со него да дејствува индивидуално, без асистенција на помошник или на други соборци, и тоа во лежечки или во стоечки став, исто како што е случај со класичните топови на пешадиското стрелечко вооружување.

Судејќи според неговите техничко-тактички карактеристики, митралезот 6П62 може да се спореди со тешкиот митралез „Корд“. Имено, обата митралези ја користат истата муниција со калибар од 12.7 х 108мм. Но, „Корд“ е неспоредливо поголем од својот конкурент. Со комплетна опрема овој митралез е долг речиси два метри, а неговата тежина надминува 35 килограми. 

Што може да се заклучи од овие фалти? Имено, со осмислувањето на концепцијата на митралезот 6П62, руските конструктори се обиделе да добијат рачно оружје со исклучително голем калибар. Рачниот/тежок митралез 6П62 е замислен како оружје за експлоатација во руските воздушно-десантни единици, како и во единиците за специјална намена. Тој е многу помал и полесен од „Корд“, а во исто време, силата на неговата муниција му обезбедува ефикасно да може да онеспособи полесни типови борбена оклопна техника на непријателот. Неговиот борбен комплет е составен од три рамки муниција, со вкупно 52 куршуми со калибар од 12.7 х 108мм. Голем број од овие куршуми ќе бидат со муниција со панцирно-запаливи зрна, кои на блиско растојание можат да пробијат околу 20 милиметри модерен оклоп. Определени руски портали, како што се ТВ „Звезда“ topwar.ru објавија навистина неверојатна информација за тоа дека муницијата со калибар од 12.7 х 108мм. предвидена за овој митралез може да пробие оклоп со дебелина од дури 10 сантиметри (100 милиметри), на оддалеченост од 100 метри, што сепак го сметам за техничка грешка за време на уредувањето на овие текстови (напомена на авторот, топот 2А42 со калибар од 30 милиметри со панцирна граната 3УБР8 може од 100 метри да пробие дебелина од 45 милиметра оклоп под агол од 60 степени). Досегашните експерименти докажаа дека од руските митралези само „Корд“ може да ја пробие најдебелата панцирна плоча (15-30 милиметри+ на оддалеченост до 100 метри). Во секој случај митралезот 6П62 со своите те-та карактеристики и со стандарден борбен комплет може да замени неколку огнени позиции со РПГ-7, и да уништи голем број оклопни автомобили и лесни оклопни транспортери кои денес масовно се користат во поголем број армии во светот. 

Притоа, трите рамки со 52 панцирно-запаливи куршуми имаат мака од околу 10.5 килограми додека четирите кумулативни гранати ПГ-7В кои се наоѓаат во стандардниот борбен комплет на нишанџиите на РПГ-7, имаат околу 10 килограми. Да не зборувам дека при утнување од РПГ-7, потребно е да се монтира граната за повторно дејствување, одново да се заземе борбен став итн. Кај митралезот 6П62 тоа не е така. Тој буквално може да изрешети оклопно возило, и да ја онеспособи севкупната посада во него, вклучувајќи ги и десантните сили. 

Но, се поставува прашање како руските конструктори ги решиле проблемите поврзани со борбата со оклопните цели, кога се знае дека ова оружје е сепак мало, дека има премногу куса цевка за да се добие кинетичка енергија на зрното кое е рамно со проектил испукан од тешкиот митралез „Корд“. Најголема мистерија претставува прецизноста на ваков вид оружје кога се гаѓа од стоечки став, како и јачината на одбивањето за време на еднократно или посебно рафално пукање. Познато е дека „Корд“ со адекватен оптички нишан, на оддалеченост поголема од 1 километар има група погодоци кои се блиски со резултатите од снајперска пушка. 

Од сегашна перспектива, имајќи ја превид ограниченоста на информациите кои се достапни за ова оружје, може да се заклучи дека станува збор за експериментален примерок, фантазија на непознати инженери која повеќе служи за да го заплаши евентуалниот непријател, одошто за реална, практична намена. Според тоа, ова оружје засега може да се третира како резултат на приватна креација на еден или на повеќе конструктори во домашна работилница, и ништо повеќе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња