„Хеликоптери на Русија“ прават пробен примерок на нов тежок хеликоптер за руската војска

Ми-26.

Ми-26.

Вителиј В.Кузмин / Википедија
Холдингот „Хеликоптери на Русија“ (дел од државната корпорација „Ростех“) во рамките на модернизацијата на хеликоптерот Ми-26 на барање на Министерството за одбрана работат на пробен примерок на новиот Ми-26т2в.

Врз основа на проектната документација што ја има изработено Московската фабрика за производство на хеликоптери „Михаил Миљ“ се развива пробен примерок на новиот хеликоптер Ми-26т2в на кој потоа ќе бидат извршени комплексни проби на летот, велат од холдингот.

Како што се наведува нарачателот поставил барање според кое хеликоптерот Ми-26т2в може да лета во сите временски услови и региони. Во модернизираниот хеликоптер посадата ќе остане петчлена.

„Новиот хеликоптер ќе ги вклучува најновите технички решенија, имајќи ја предвид примената на борбените дејствија. Сакам да нагласам дека станува збор за модернизација на воената верзија на Ми-26, а не на хеликоптерот Ми-26т2 кој се извезува“, истакнува генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија “ Андреј Богински.

Носливоста на модернизираниот хеликоптер Ми-26т2в ќе биде 20 тони. Машината ќе биде опремена со современ интегриран систем радиоелектронска опрема НПК90-2, како и одбранбен систем кој ќе обезбеди заштита на хеликоптерот од ракети со различни видови наведување, пишува агенцијата ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња