Авторот на снимката тврди дека, за да се вклучи „Тетрисот“, потребно е да се запали моторот, трипати да се вклучи трепкачот, двапати да се вклучат долгите светла, петпати да се притисне квачилото и да се подигнат вртежите на моторот на две илјади. Потоа на екранот на компјутерот се појавува „Тетрисот“.
Авторот исто така наведува дека играта ќе се исклучи ако се изгаси моторот. Тој, меѓутоа, не наведува дали „Тетрисот“ работи додека автомобилот е во движење. Групацијата „ГАЗ” не даде никаков коментар по тој повод.
Играта „Тетрис“ во 1984 година ја програмираше советскиот научник Алексеј Пажитнов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче