Мнозинството Руси сметаат дека вакцинацијата на децата е нужна мерка

Сергеј Конков/TASS
Meѓу Русите е најспорно прашањето на вакцинацијата против грип: 46% од испитаниците сметаат дека е потребна, додека 49% не се согласуваат со тоа.

Големо мнозинство Руси кои имаат деца или внуци смета дека вакцинацијата во целина е неопходна, меѓутоа, секој втор испитаник смета дека вакцинацијата против грип не е задолжителна, велат податоците од анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„На прашањето за неопходноста од вакцинација на децата големо мнозинство Руси кои имаат малолетни деца и/или внуци се согласуваат: „Да, потребна е“ – велат 83%. Според нивното мислење, вакцинацијата помага во превенцијата и заштитата од болести. Главните аргументи на противниците на таквиот пристап (само 10% меѓу родителите, бабите и дедовците) се нус-појавите од вакцините и нивната неефикасност (децата и понатаму разболуваат)“, се вели во соопштението.

Истовремено, според податоците на социолозите, мнозинството испитаници смета дека за децата е задолжителна вакцинацијата против туберкулоза, хепатитис Б и тетанус. Најспорно е прашањето за вакцинацијата против грип: 46% испитаници сметаат дека е потребна, додека 49% не се согласуваат со тоа.

„Како што можеме да видиме од истражувањето, самото население покажува пониска подготвеност за вакцинација. Таа разлика меѓу изјавите и реалната покриеност со вакцинација се нивелира пред сѐ со помош на настојувањето на Министерството за здравство на РФ и со финансиска поддршка на програмата за вакцинација од страна на државата. Во генерален контекст овде се јавуваат вакцините против грип, но и тука треба да се види динамиката: ако во 1996 година имало вакцинирани помалку од 5 милиони, на почетокот на епидемиолошката сезона 2015-2016 се вакцинирани речиси 45 милиони луѓе“, ги коментира резултатите од истражувањето раководителот на праксата за информациска политика и комуникациски технологии на ВЦИОМ Кирил Родин.

Анкетата е спроведена од 20 до 22 септември 2017 меѓу 1700 испитаници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња