Антибиотиците не можат повеќе да се борат

Извор: Восток-фото

Извор: Восток-фото

Кога беа откриени, антибиотиците му го продолжија просечниот животен век на човекот. Запре масовното умирање на луѓето од туберкулоза, грип и од детска парализа. Благодарение на тоа се зголеми и човечката популација.

Денес научниците од целиот свет разработуваат нови модификации на антибиотиците, обидувајќи се да го зголемат нивното делување. Меѓутоа, засега сè е залудно. Бактериите научија да се адаптираат, - вели директорот за истражување и за советување на компанијата Фармекспорт, Николај Беспалов.

Кај првите знаци на болест треба задолжително да се обратите кај лекар: дури и најопасните болести може ефикасно да се лекуваат во почетната фаза.

Секој организам со текот на времето стекнува определена отпорност кон антибиотиците и кон другите супстанци кои влијаат на неговите животни функции. Затоа определени микроорганизми во процесот на адаптација создаваат супстанција, која ги разорува антибиотиците. Во свое време пеницилинот широко се користеше низ светот и спасуваше многу животи – тоа беше првиот антибиотик во светот, денес не се користи, зашто не е ефикасен во борбата против оние микроорганизми што постојат денес во природата.

Но, во согласност со новите услови не се адаптираат само бактериите. Човечкиот имунитет исто така со текот на времето станува отпорен на микроби и на вируси. Овој процес се нарекува војна помеѓу светот на луѓето и светот на бактериите која трае милијарди години. Засега човештвото победува, но не е исклучено дека заборавените болести од минатото можат да се вратат во нов облик, - истакнува Николај Беспалов.

Веројатноста дека овие болести ќе се вратат продолжува, умрените од чума ги погребувале во посебни гробници. Во Русија и во други земји по деведесеттите години од минатиот век овие гробници престанаа да се контролираат. Ги разурнаа и ги разореа на разно-разни начини. Постои веројатност овие микроби да излезат оттаму и да се размножат. 

Но, не смееме да заборавиме дека луѓето најдоа начин да излекуваат поголем број болести. На пример, поради заштита од чума и вариола вера, чие второ доаѓање го прогнозираат некои научници, потребно е да се воведе задолжително вакцинирање, - уверен е стручњакот од подрачјето на пазарот на лекови, Елена Вољска. 

Чумата и вариола верата се болести, против кои главно оружје не се антибиотиците, туку вакцината. Ако родителите ги вакцинираат своите деца, нема причина да се стравува од враќањето на овие болести.

Во свое време пеницилинот широко се користеше низ светот и спасуваше многу животи, денес не се користи, зашто не е ефикасен во борбата против оние микроорганизми што постојат денес во природата.

Но, вакцините можат да штитат само од познати болести. Поради брзата примена на вакцините против новите вируси, да кажеме, од птичјиот или од свинскиот грип, потребни се огромни средства и многу години за клинички испитувања. Стручњаците на Гласот на Русија истакнуваат дека многу работи зависат и од самиот човек. Тие им препорачуваат на луѓето да го зајакнат својот имунитет. Здравиот организам е поотпорен на нови вируси. Освен тоа, кај првите знаци на болест треба задолжително да се обратите кај лекар: дури и најопасните болести може ефикасно да се лекуваат во почетната фаза.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња