Канцелариите на „Јандекс“ евакуирани набрзо откако Путин ја напушти зградата

Kremlin.ru
Спротивни извештаи на медиумите зборуваат за анонимна закана за бомба и палење на пожарниот аларм. Евакуација почна само неколку часа откако претседателот Путин го напушти седиштето на „Јандекс“ (Yandex) каде што дојде до повод одбележувањето на 20 роденден на компанијата.

Откако претседателот Путин ги напушти канцелариите на „Јандекс“, вработените во компанијата беа евакуирани од зградата. Претставници на „Јандекс“ изјавија дека се запалил пожарниот аларм. Меѓутоа, ТАСС соопшти дека вистинската причина за евакуацијата била анонимна закана за бомба поставена во канцелариите кои штотуку ги напушти рускиот претседател.

Пред посетата медиумите јавија дека претседателската администрација и Федералната служба за безбедност со денови пред посетата на Владимир Путин на седиштето на компанијата спроведувале строги безбедносни мерки.

Посетата на рускиот претседател беше извежбана, соопштија  медиумите. На вработените на компанијата им е кажано да го задржат неформалниот код на облекување – да се појават пред претседателот во фармерки и маици - и да се воздржат од доаѓањето до канцелариите со автомобил, бидејќи паркингот на фирмата требало да биде сигурносно запечатен по пристигнувањето на претседателот.

Други мерки на претпазливост можеле да вклучуваат и препречување на мобилните и интернет сигнали, но не се чинеше дека тоа влијае на услугите на компанијата додека Путин ги испробувааше.

Во моментот кога канцелариите на „Јандекс“ беа во процес на евакуација, рускиот претседателот веќе го напушти местото на настанот. Сепак, ако дошло до закана со бомба, тоа задолжително требало да го привлече вниманието на Федералната служба за заштита одговорна за безбедноста на претседателот, вклучувајќи ја и неговата посета на седиштето на „Јандекс“.

Путин и автономниот автомобил

И покрај неочекуваната евакуација, посетата на рускиот претседател беше според планот.

Најинтригантниот дел од посетата на Путин на седиштето на главниот руски конкурент на Гугл беше, се разбира, прегледот на автономниот автономниот автомобил што го направи компанијата. „Јандекс“ на 30 мај 2017 го претстави својот прототип на автономно такси. Комбинацијата од дополнителен хардвер и соодветен софтвер во белата „Тојота“ успеа да земе патник, да се повози по пат со пречки и околу пешаци и да избегне друг автомобил што му се најде на патот.

Меѓутоа, критичарите забележаа колку беа неприродни движењата на воланот: се вртеше остро и непрекинато и, иако тоа не влијаеше на мазното движење на автомобилот, сепак остави впечаток дека пред да излезе на руските патишта се потребни уште некои промени.

Путин не се возеше во автомобилот, стоеше веднаш до него кога тој тргнуваше. Демонстрацијата продолжи без изненадување, иако на почетокот медиумите расправаа за можноста дека опремата за попречување на сигнали со која Федералната служба за безбедност ги блокираше мобилните и интернет сигнали за време на посетата на претседателот можела да го наруши и сигналот на автомобилот.

Меѓутоа, автомобилот функционираше без какви било видливи проблеми.

Алиса и онлајн медицина

Владимир Путин беше меѓу првите корисници кои го тестираа новиот систем за пребарување на „Јандекс“ кој има за цел да го револуционизира начинот на кој информациите може да се пронајдат на Интернет.

Главната функција на системот е неговата способност за одбирање и прикажување на резултатите од пребарувањето врз основа на специфично значење на секое поединечно пребарување, а не на прецизна формулација на оригиналниот внес.

Вработените на „Јандекс“ му покажаа на Путин уште една иновација чие лансирање е закажано за 10 октомври 2017 – интелигентната асистентка Алиса, која учи секој пат кога се разговара со неа.

„Таа не само што одговара на прашања, туку со неа можете да водите и дијалог“, изјави Аркадиј Волож, извршен директор на „Јандекс“.

Алис, која учи со помош на класични руски текстови и современи твитови - исто како што детето учи и во училиште и на игралиште - поразговара со Путин за времето и своето хоби – сурфањето на интернет и барањето фотографии од мачки.

Путин го испроба и експериментот на „Јандекс“ во онлајн медицината: 25 лекари ги советуваат корисниците на „Јандекс“ за разни прашања, од грижа за дете до воспаление на слепото црево. Еден вработен на „Јандекс“ му кажа на рускиот претседател дека  практиката на компанијата помогнала да се спасат животите на некои пациенти кои на почетокот не сакале да повикаат брза помош.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња