Јотафон, уникатен смартфон made in Russia

Генералниот директор на Јота Дивајсис, Владислав Мартинов, го претставува првиот руски смартфон. Извор: PressPhoto.

Генералниот директор на Јота Дивајсис, Владислав Мартинов, го претставува првиот руски смартфон. Извор: PressPhoto.

Генералниот директор на Јота Дивајсис, Владислав Мартинов во ексклузивно интервју за „Руска реч на македонски“ зборува за појавувањето на првиот руски смартфон, за приоритетите на пазарот и за односот на потрошувачите кон производите „Made in Russia“.

Како се роди идејата да се направи телефон со два екрана? 

Пред три години решивме да се обидеме да создадеме уред кој ќе биде уникатен и кој нема да личи на некој друг, зашто сфативме дека за да дојдеме до успех на пазарот на кој царуваат корејските и американските дизајнери, нашиот телефон треба да има уникатни предности. Почнавме да ги изучуваме проблемите со кои се судираат корисниците на смартфоните и составивме цел список. Најголем проблем беше користењето енергија. Најголем потрошувач на електрична енергија се ЛЦД-екраните. Најпрво мислевме да го замениме, а потоа сфативме дека не треба да измислуваме топла вода. Требаше едноставно на смартфонот да му се додаде економичен e-ink дисплеј, кој се користи кај бук-ридерите. Тогаш, во услови на активно користење на дисплејот на електронските книги наместо, апаратот ќе троши 3-4 пати помалку енергија. 

За македнонски превод притиснете „Captions“. 

Кои пазари ви се приоритетни? 

Се надевам дека побарувачка за нашите телефони ќе има насекаде. Секако, постојат пазари на кои смартфоните се прифатливи и се многу популарни. Тоа е Северна Америка, развиените европски страни и Латинска Америка (Бразил). Од друга страна тука е Азиско-Тихоокеанскиот регион, каде нема голема продажба. Ние се сосредоточуваме на Русија како на домашен пазар и на првата група. Од втората група интересни ни се само неколку земји, меѓу кои Австралија и Сингапур. Во последната, пак, неодамна отворивме свое претставништво. 

Се шушка дека во Америка продажбата ќе почне порано одошто во Русија... 

Ќе падне ли Ајфон на колена пред рускиот Јотафон?
стручњаците предупредуваат дека Јотафон ќе мора да се бори за своето место на пазарот со гигантите како што се Епл, Самсунг и Ха-Те-Це. Конкуренцијата воопшто не е лесна.

Воопшто не е така. До крајот на годинава ќе започне продажбата на телефонот во Русија. Меѓународната експанзија зависи од тоа како ќе се движи процесот на преговори со глобалните мобилни оператори. Имено преку нив ќе влегуваме на странските пазари. Веќе водиме преговори со дваесетте најголеми глобални оператори, кои работат во најмалку 5-10 земји. Каде ќе одиме ние, зависи од нивните приоритети. Тие подобро знаат каде нашиот производ има голем потенцијал. Токму затоа избравме ваква шема за продажба. 

Како потенцијалните партнери се однесуваат кон тоа што вашиот смартфон е производ „made in Russia“? Не се сомневаат во квалитетот? 

Со моменталната распределба на трудот многу тешко може да се каже дека телефонот е „made in Russia“. Колку што знам, на светот не постојат мобилни уреди кои не се склопуваат во Азија. Ние се позиционираме како руска компанија, која ја има смислено идејата, го има разработено дизајнот и програмската поддршка. Што се однесува до хардот, во нашата канцеларија во Финска работат инженери за поддршка на апарати, за антени, кои имаат стаж во работа со Нокиа од околу 20 години. Во канцеларијата во Сингапур имаме специјалисти кои претходно имаат работено на Блекбери. Луѓето што се одговорни за продажба во Европа се поранешни вработени во Моторола. Ова значи дека нашиот тим е меѓународен. Уверен сум дека во моменталната ситуација на глобализација ова е најдобар рецепт за успех. 

Колку луѓе работат на проектот? 

Не се многу – 55 вработени и околу 10 со договор. 

Го определивте ли обемот на првата партија смартфони? 

Сè ќе зависи од договорот со операторите. Мислам дека за почеток ќе направиме 20-30 илјади парчиња. 

Своевремено компанијата Епл направи револуција на пазарот на мобилни телефони со производството на Ајфон. Сметате ли дека ќе го постигнете истиот успех? 

Секако сметаме (се смее). Уверени сме дека тоа е можно зашто грандиозниот успех на Епл се должи пред сè на факторот на удобност при користењето на апаратот – излезе дека управувањето со прст на сензорен екран е многу поудобно отколку со стилус! Но, во последниве 6 години во светот не се појави ништо ново, така што ние имаме шанса да станеме следни револуционери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња