Непријателските „вируси“ не му можат ништо на комуникацискиот систем на руската армија

Руски војници

Руски војници

mil.ru
Врскарите на Јужниот воен округ (ЈВО) во рамките на ненадејната специјално-тактичка проверка одбија напад на непријател кој е инициран со вирусна малициозна програма, изјави началникот на прес-службата на ЈВО полковник Вадим Астафјев.

Според неговите зборови, бригадата за врски која се наоѓа во состав на ЈВО од матичното место на базирање извршила форсиран марш и се распоредила на просторот на полигонот Николо-Александровски каде подигнала командно место и воспоставила комуникација со помош на радио-релејни предаватели и компјутерски се поврзала со мрежата на воените сателити.

Во оваа пригода е проверена стабилноста на комплетниот систем за врска врз база на една бригада, во услови на изразено офанзивно електронско дејство на противникот кое е проширено со напад врз компјутерските елементи со помош на малициозни програми. Слични проверки се изведени и во останатите единици за слична намена во рамките на ЈВО, како и во други гарнизони базирани на просторот на Јужна Русија.

Интензивната проверка ќе трае неколку дена. Во строго дефинирана временска рамка врскарите мораат да воспостават автономен мулти-режимски систем за врски кои ќе обезбедат стабилна и заштитена комуникација на различни канали кои прават комплетен систем за врска. Овие вежби се последната проверка пред серијата работни инспекции кои ќе ја дадат редовната процена за степенот на борбената готовност и вкупната оперативна способност на овие системи за предвидените задачи. Во проверката учествуваат околу  3500 војници-врскари од составот на ЈВО.

Руската авијација пристигна во Белорусија: почнува големата воена вежба „Запад-2017“

Медиум: Руските безбедносни сили ќе добијат „паметен телефон на тркала“

Во Сирија испробана нова заштитена комуникација на руските сили

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.