Ракетен систем „Топол-М“
Рамил Ситдиков/РИА „Новости“Во маневрите учествуваат околу 400 единици на крупногабаритна техника. Се соопштува дека една третина од полковите „реализираат интензивни маневарски дејствија“. Вежбите се одржуваат во 20 региони на Русија. Војската ќе одработи ставање на единиците во борбена готовност, маневарски дејствија и освојување на нови подрачја за борбено патролирање, пренесува „Взгљад“.
Се истакнува дека информацијата за маршрутите однапред не е доставена – маневрите се од ненадеен карактер. Притоа специјалните сили, кои ја играат улогата на непријател, имаат можност однапред да ја проучат територијата.
За 2017 година се планирани над 150 вежби на Ракетните сили за стратешка намена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче