Пред 24 години: Одржан е првиот меѓународен авиокосмички салон МАКС

Илија Питалев / РИА Новости
Почнувајќи од 1993 г. територијата на Летечко-истражувачкиот институт „М. М. Громов“ е место на кое се одржува Меѓунариодниот Салон за Авијација и Космонавтика (МАКС).

Првата меѓународна изложба на авијација во Русија е одржана во 1911 година, во Михаиловски Манеж во Санкт Петербург. Почнувајќи од 1993 година територијата на Летечко-истражувачкиот институт „М. М. Громов“ стана место на кое се одржува Меѓунариодниот Салон за Авијација и Космонавтика (МАКС). Главната цел на саемот е демонстрација на новите руски технологии во оваа сфера и отворање на домашниот пазар за можни заеднички проекти со партнери од странство.

За време на првиот салон во 1993 година учествуваа 178 компании од земјите на поранешниот Советски Сојуз и 82 странски компании. Бројот на посетители надминуваше 400,000.

Повеќенаменскиот ловец-бомбардер Су-35, хеликоптерот „ловец“ на тенкови Ка-50 наречен „Црна ајкула“, товарната верзија на Ту-204, Ил-96М и Ан-74Т беа прикажани за првпат и привлекоа големо внимание на првиот саем.

МАКС-2017 беше посетен од околу 450,000 посетители. Главните атракции беа рускиот ловец МиГ-35 и воениот транспортен хеликоптер Ми-8АМТСХ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња