Руски научници создадоа „антихавариски“ оптички влакна

Оптичка мрежа.

Оптичка мрежа.

Shutterstock
Технологијата овозможува да се избегнат несреќи во вселенската, нуклеарната и рударската индустрија.

Научниците од рускиот Национален истражувачки технолошки универзитет „МИСиС“ развија технологија за создавање високопрецизни сензори базирани врз легура на оптички влакна, соопштува РИА „Новости“. Технологијата овозможува да се избегнат несреќи во вселенската, нуклеарната и рударската индустрија.

Во интернационалниот тим од стручњаци има и претставници на Центарот на оптички истражувања во Мексико и Истражувачкиот институт за керамика и стакло во Индија. На чело на тимот е професорот Александар Кирјаков од „МИСиС".

Оптичките влакна се многу чувствителни на промени на околната температура и притисокот, хемискиот состав и зрачењето. Тие се отпорни и на агресивна средина и електромагнетни пречки. Благодарение на овие карактеристики сензорите можат да се користат за испитување на големи објекти, на пример бунари, нуклеарни централи, вселенски летала во земјината орбита.

Сензорот може да се умножува во форма на компактен уред или „просторно-дистрибуирано коло“, дизајниран да работи на големи растојанија. Во првиот случај, на промените во животната средина ќе реагираат спектрално-селективните филтри снимени во влакното (Браговска решетка), а во вториот случај чувствителните елементи се по целата должина на влакното. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња