Руските маринци победија на натпреварот „Поморски десант“

Маринци на руската Црноморска флота по враќањето од успешната мисија во Сирија на аеродромот Белбек во близина на Севастопол.

Маринци на руската Црноморска флота по враќањето од успешната мисија во Сирија на аеродромот Белбек во близина на Севастопол.

Василиј Батанов/РИА „Новости“
Во напреварот „Поморски десант-2017“ учествуваа тимови на морска пешадија од Русија, Кина, Иран и Венецуела – вкупно повеќе од 200 војници.

Тимот на поморската пешадија на ВМФ на Русија победи во натпреварот „Поморски десант-2017“ во рамките на „Армиските меѓународни игри-2017“ на Тихоокеанската флота, изјави на началникот на Одделот за информативна поддршка на прес-службтаа на ВВО за ТОФ Владимир Матвеев.

„Судиската комисија на натпреварот „Поморски десант-2017“ ги одреди резултатите од меѓународниот натпревар. Победата му припадна на тимот на маринците на ВМФ на Русија, на второ место е екипата на поморската пешадија на Народно-ослободителната армија на Кина, третото место го поделија тимовите на маринците на Венецуела и Иран, стекнувајќи се со еднаков број на поени“, изјави Матвеев, пренесува РИА „Новости“.

Меѓународниот натпревар меѓу единиците на поморската пешадија „Поморски десант-2017“ се одржуваше од 1 до 11 август во рамките на „Армиските меѓународни игри-2017“ на полигоните на Тихоокеанската флота „Горностај“ и „Клерк“. Во него учествуваа тимови на морска пешадија од Русија, Кина, Иран и Венецуела – вкупно повеќе од 200 војници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња