Армиски игри 2016.
Mil.ruРускиот тим победи на меѓународниот натпревар во воено извидување „Мајстори на военото извидување“, кој заврши во вторникот во Новосибирск во рамките на Армиските меѓународни игри. Тимот го освои првото место во сите пет фази на натпреварувањето, соопшти во вторникот за ТАСС прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
„Во севкупен пласман првото место го зазеде тимот на Русија, на второ место е екипата на Кина, на трето – тимот на Узбекистан“, изјавија од МО на РФ.
Во вторникот извидниците ги завршија натпреварувањата во финалната фаза – излегување на извидничката група на зборното место по извршувањето на задачата. Тоа вклучува минирање на објект на замислениот противник, преминување на водни пречки, вклучувајќи и возење оклопно возило во вода, како и забрзан марш и организација на комуникација и пренос на разузнавачки извештаи.
Претходно рускиот тим стана најдобар во претходните четири фази на натпреварувањето - десант и организирање на заседа, натпревар на возачи-механичари, надминување на пречки на „Патеката на извидникот“ и гаѓање.
Русија на натпреварувањето беше претставена од страна на тимот на Новосибирското вишо воено командно училиште, кој се покажа како најдобар на претходниот натпревар на државно ниво.
На натпреварот учествуваа екипи од Ерменија, Белорусија, Зимбабве, Казахстан, Узбекистан, Кина и Русија. Церемонијата на затворање на натпреварувањето и наградување на победниците ќе се одржи на 10 август.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче