Научниците откриjа гробишта на мамути и диносауруси во Краснојарскиот крај

Коски на титаносаурус кој живеел од периодот Јура до крајот на Мезозоикот.

Коски на титаносаурус кој живеел од периодот Јура до крајот на Мезозоикот.

Press Photo
Во текот на истражувањата на локалитетот Голем Илек експедицијата успеа да пронајде остатоци од големи тревојади, веројатно од сауропод и стегосаурус, како и од диносаурус-месојад.

Палеонтолозите од Томскиот државен универзитет (ТГУ) открија во Ачинскиот реон на Краснојарскиот крај претходно непознати гробишта на диносауруси и мамути, соопшти во понеделникот прес-службата на универзитетот. Во еден од слоевите на пресекот Голем Илек се пронајдени остатоци од тревојадни и месојадни диносауруси, како и коски на мамути и носорози на друг локалитет.

„Во текот на истражувањето на локалитетот Голем Илек експедицијата успеа да открие остатоци од големи тревојадни, веројатно, сауроподи и стегосауруси, и месојадни диносауруси, на „мамутското ниво“ - коски на мамути, носорози, и предатори. Претходно овде се среќаваше само полен од изумрени растенија, понекогаш локалните жители пронаоѓаа фрагменти од коски и заби на мамут од релативно помлади слоеви не постари од 30 илјади години“, соопштува универзитетот, пренесува ТАСС.

Наодите на палеонтолозите ја потврдуваат староста на локалитетот - околу 100-120 милиони години, периодот на Рана креда, кога се појавиле многу диносауруси.

Научниците претпоставуваат дека остатоците од животните претходно е можно да биле откриени од древниот човек. „Како по правило, коските кои се закопани во земјата ги наоѓаме еродирани, но релативно цели. Во оваа гробница се речиси сите скршени. Веројатно овде „поработел“ и древниот човек“, го цитира прес-службата шефот на експедицијата, раководител на лабораторијата за континентална екосистеми на Мезозоикот и Кенозоикот на ТГУ Сергеј Лешчински.

Новиот локалитет на античка фауна е сличен според структурата на Шестаковскиот Јар во Кемеровската област – една од најголемите концентрации на фауна на диносауруси и мамути во Русија. Научниците на ТГУ продолжуваат да го истражуваат локалитетот во Краснојарскиот крај.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња