Жителите на Москва ќе можат да ја видат „крвавата Месечина“ на 7 август

Месечина.

Месечина.

NASA
Жителите на Москва ќе можат да ја видат „крвавата“ Месечина на 7 август, на денот на делумното затемнување на Месечината.

Ова го соопшти прес-службата на управата и градоначалникот на главниот град на Русија.

„Во Москва делумното затемнување на Месечината ќе се гледа од 20:24 до 22:19 часот. Во текот на два часа Месечината ќе помине низ северниот дел на земјината сенка, заоѓајќи со четвртина од дискот. Максималната фаза на затемнување ќе се случи во 21:20. Во моментот кога Земјата фрла сенка на својот сателит, тој добива црвеникава нијанса. Поради тоа таквите настани се нарекуваат и крвава Месечина“, се вели во соопштението.

Се прецизира дека затемнувањето може да се набљудува во Московскиот планетариум од 20 до 23 часот.

„Без оглед на тоа што Месечината ќе се наоѓа мошне ниско над хоризонтот, небесниот спектакл ќе може да се види и дури да се забележат промените на бојата на дел од месечевиот диск во бордо-црвено, што обично се случува при затемнувањата на Месечината“, раскажаа од планетариумот.

Се истакнува дека следното затемнување на Месечината ќе биде целосно и ќе се случи на 31 јануари 2018 година, пренесува „Газета.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња