Марс и Земјата.
Shutterstock/Legion MediaАстрономијата беше отстранета од наставната програма на почетокот на 1990-те години, сепак основата се изучува во рамките на предметите по географија и физика.
Според податоците на Серускиот центар за проучување на јавното мислење, од 2007 до 2011 година бројот на Руси кои веруваат дека Сонцето се врти околу Земјата, а не обратно, пораснал од 29 на 33%.
Неодамна воведениот предмет ќе го предаваат наставниците по физика.
Некои наставници сметаат дека предметот треба да се предава во 11 и 12 клас и дека е потребно време за подготовка на наставата по овој предмет.
„Учебникот „Астрономија“ е подготвен, и во себе ги содржи основните материјали, познати во времето на советската школа, и нови глави кои ги одразуваат современите проблеми на астрономијата, како и новите откритија и теории во текот на периодот кога во училиштата го немаше соодветниот предмет“, изјави директорот за надворешни комуникации на издавачката куќа „Просвета“ (Просвещение) Сергеј Григоренко, пренесува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче