Лунариум.
Александра Чернега/Press ServiceПредметот Астрономија ќе се појави во училишната програма од 1 септември, изјави министерот за образование и наука на Руската Федерација Олга Васиљева на 2 август во интервју за весникот „Известија“.
Според министерката, многу експерти зборуваат за вишок на предмети во училиштата, се дискутира за зголемување или намалување на оптовареноста на детето.
„Но, постои еден предмет кој, според мене, не треба да предизвика многу контроверзии и сомнеж: тоа е астрономијата. Од 1 септември 2017 таа триумфално се враќа во школската програма како наставен предмет со 35 часа“, вети Васиљева. „Парадокс: земјата, која прва полета во вселената, во училиштата нема астрономија, но нашите момчиња неколку години по ред освојуваат први места на меѓународните олимпијади по астрономија“, изјави министерката.
Во 2017-2018 учебна година учениците од повисоките класови ќе ја изучуваат астрономијата 35 недели. Во новата учебна година предметот ќе биде воведен во дел од руските училишта. Поради астрономијата, училиштата ќе мораат да ги намалат бројот на часовите по втор странски јазик, пренесува newsru.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче