Сенатор: Русија ќе изгради уште 6 носачи на авиони

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“.

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“.

РИА „Новости“
Русија ќе изгради уште шест носачи на авиони, изјави првиот заменик-претседател на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Франц Клинцевич.

Во Русија во блиска иднина ќе бидат изградени шест носачи на авиони, изјави во програмата „Неделна вечер со Владимир Соловјов“ на каналот „Русија 1“ првиот заменик-претседател на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Франц Клинцевич.

„Во најскоро време ќе изградиме шест“, изјави Клинцевич, пренесува ИА REGNUM.

Претходно во април 2017 година командантот на Воено-поморската флота на Русија Владимир Королев најави проширување на руската флота на носачи на авиони. Одговарајќи на прашањето за плановите за изградба на неколку носачи на авиони, тој рече дека и таа задача ќе биде решена.

Во моментов руската Воена морнарица го има носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, кој почна да се гради 1982 година, а стапи на служба во 1990 година.

Предвиден е ремонт на носачот на авиони во блиска иднина, паралелно со модернизација, која ќе го продолжи неговиот рок на служба за 20 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња