Ka-52
Press PhotoОвие хеликоптери не стасаа да учествуваат во големите војни од 20 век. За разлика од авионите, хеликоптерите немаат ниту висина, ниту брзина на летот, така што нивната примена на борбените формации на противникот не беше оправдана поради можните големи загуби. Но, независно од тоа, хеликоптерот како средство за поддршка на военото поле има низа предности пред јуришните авиони.
Малку историја
За време на осумдесеттите години од минатиот век СССР стаса да направи два хеликоптери од овој вид, кои подоцна ги наследи Руската Федерација. На американскиот АН-64 веднаш одговорија конструкторските бироа „Миљ“ и „Камов“
По спроведените тестирања од крајот на осумдесеттите години од минатиот век, хеликоптерот-едносед Ка-50, направен според коаксијална шема, го победи традиционалниот Ми-28 на конструкторското биро „Миљ“. Но, Ми-28 со индексот „Н“ веќе на почетокот на 21 век му возврати на стариот конкурент, па Министерството за одбрана реши да ги купи обата хеликоптера.
Близнаци што не си личат
Без оглед на тоа што воопшто не си личат, овие две машини се многу послични одошто изгледаат. Сите средства за уништување се унифицирани со другата техника што постои во вооружувањето на руската армија. Двата хеликоптера носат 30-милиметарски автоматски топ 2А42, исто како кај БМП-2 и БТР-90. Постои само мала разлика во димензијата на борбениот комплет: кај Ка-52 е со 460 стрелби, а кај Ми-28Н со 300. Овие хеликоптери носат исти блокови 80- и 120-милиметарска наведувачка ракета (НУР).
Постои мала разлика само во вооружувањето со висока прецизност. И двата хеликоптери можат да користат противтенковски ракети „Атака-В“ и да пренесуваат ракетен систем за ПВО „Игла“. Освен тоа, Ми-28Н може да носи противтенковски ракетен комплекс „Штурм-В“ (На Ка-52 „Штурм-ВУ“ со повеќеканален систем за наведување на ласерскиот зрак), а Ка-52 – „Вихр-М“.
Press Photo
Предноста на ПТУР „Вихр-М“ (дострел на лансирањето до 10 километри) се состои во можноста хеликоптерот Ка-52 да дејствува со оган надвор од радиусот на дострел на самоодечките ракетни комплекси „Роланд“, ППРК „Стингер“, „Мистрал“ и на артилерискиот систем „Гепард“.
Во споредба со својот конкурент, Ка-52 има уште една забележлива предност во вооружувањето – две дополнителни носечки точки под крилата, што ги прави 6 наместо 4, како и 500 килограми дополнителен борбен товар.
Не постојат многу информации во врска со радарите, но нивните разлики не би требало да бидат големи. Но, однатре се забележливи: Ми-28Н има радиолокациска станица Н025Е, која се наоѓа во клунот, како кај авионите. Радарот на цилиндарот над главниот ротор му дава предност на хеликоптерот пред сè во ридестите шумски и планински предели, каде што може да се скрие и да „излезе“ само со подигнат радар.
Моторите се еднакви, практично, кај двата хеликоптера – ТВ3-117МА.
Птици што летаат различно
Ми-28Н е направен по класична шема со еден носечки и еден опашест ротор. Кај Ка-52 е реализирана технички покомплицирана коаксијална шема со два ротора што работат истовремено, а, исто така, има и еден кај опашката. Ваквата шема дава предност и го зголемува дозволениот плафон на летот за 100 до 200 метри, што во планинските предели не е малку.
Ка-52 може да „виси“ при крајот на маневарот и може да едри (лизгачки лет), што не е случај со хеликоптерите со класична шема. Може стабилно да лета со опашката нанапред со брзина до 100 километри на час, а при брзина од 230 километри на час аглите на лизгање достигнуваат ±90 степени. Противникот мора да направи повратно движење како авион со цел да заземе позиција за напад, што изискува повеќе време. Ка-52 може да ја изведе борбената фигура „левучар“, кога хеликоптерот прави мали кругови над целта со постојан оган. Рамното вртење со „клунот против ветрот“ овозможува безбедно атерирање со мали прогресивни брзини.
На крајот можеме да резимираме дека Ми-28Н и Ка-52 се мошне слични машини, со тоа што машината на конструкторското биро „Камов“, сепак, го надминува конкурентот дури и по цената. Ка-52 е значително поскап од Ми-28Н. Руските вооружени сили ги користат двата хеликоптера, а Ми-28 веќе „направи кариера“ и во странските армии. На хеликоптерот Ка-52 ова допрва му претстои, доколку неговата цена не ги поколеба потенцијалните купувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче