Стручњакот за информациска технологија на „Лабораторијата Касперски“ Евгениј Черешнев смета дека секој човек на Интернет остава уникатна „дигитална трага“ со чија помош луѓето можат да се идентификуваат без корисничко име и лозинка, со помош на збир од биометриски показатели – глас пулс, отисок од прстите и слично, така што дури е можно да се предвидат неговите активности. Тоа е „дигитална ДНК“ што ја има секој корисник на Интернет.
За да ја провери својата теорија, Черешнев направил експеримент. Две години на раката носел имплант кој му бил всаден под кожата и кој ги собирал сите информации за Евгениј, вклучувајќи ја и брзината на отчукувањето текст на тастатурата, речничкиот фонд на социјалните мрежи и биометриските податоци.
„Мојот тим ја истражуваше опасноста од целосно шпионирање на секој човек и можните манипулации со неговото однесување врз основа на анализите и модификацијата на матрицата на однесувањето“, вели Черешнев. „Ме фати ужас кога видов како може да изгледа иднината. Поради тоа сета своја сила, знаења, емоции и искуство ги вложив во спречување на таквата иднина, во која луѓето би биле под целосна контрола“.
Черешнев кон крајот на јануари зборуваше за оваа технологија во Њујорк на конференцијата TED, а претходно истото го говореше во Казањ.
„Човекот е под постојан 'надзор' на сите вклучени уреди и практично нема шанси да остане анонимен. Секој од нас прави карактеристични движења со глувчето со одредена брзина и во одредени делови на екранот. Секој прави сопствени грешки во внесувањето текст, кои дури може и да се предвидат. Некој може да дојде до податоците за движењата, зборовите и банкарските податоци, и тоа да го злоупотреби“, вели Евгениј.
Според него, не е далеку времето кога хакерите ќе можат да имитираат некоја друга личност, а големите компании ќе ги поседуваат и најситните податоци за своите клиенти. „Дигиталната ДНК е белешка за психолошкиот профил на конкретен човек“, вели Черешнев.
Доколку некој поседува дигитални ДНК, тој може да ја идентификува определената личност на Интернет и да ги преземе нејзините податоци, а исто така и да манипулира со нејзините желби, патувања, интересирања и знаења, па дури и со лошите навики.
Според Евгениј Черешнев, овие уникатни податоци и физички и административни треба да ѝ припаѓаат на определената личност. „Ниту една држава или провајдер на кој било сервис нема право да пристапува до дигиталната ДНК без согласност на сопственикот“, убеден е Евгениј.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче