Роскосмос бара космонаути за лет на Месечината на нов брод

Возилото за пренос на ракетата-носач „Сојуз 2.1а“ на платформата за лансирање на космодромот „Восточни“.

Возилото за пренос на ракетата-носач „Сојуз 2.1а“ на платформата за лансирање на космодромот „Восточни“.

Игор Агејченко / РИА Новости
Руската државна космичка корпорација „Роскосмос“ објави конкурс за прием во космонаутската единица за лет на Месечината. Космонаутите ќе бидат првите пилото на новиот руски вселенски брод „Федерација“.

За време на отворениот конкурс кој ќе трае до крајот на годинава, „Роскосмос“ планира да избере 6 до 8 космонаути. Државната корпорација соопштува дека тие ќе бидат првите пилоти на новиот вселенски брод „Федерација“ кој во моментов се разработува во Русија и ќе работат на програмата на Меѓународната вселенска станица, а исто така ќе бидат и првите Руси кои ќе полетаат на Месечината.

Космонаути можат да станат државјани на Русија кои не се постари од 35 години и кои имаат високо инженерско или летачко образование. Приоритет ќе имаат кандидатите што имаат искуство со работа во авијатичката или во ракетно-космичката индустрија. Кандидатите можат да ги поднесат документите во текот на четири месеци, по што ќе започне изборот на космонаутите.

Сега руската единица на космонаути има 30 лица, од кои 14 немаат искуство со летови во вселената. Ова е 17 конкурс за единиците на космонаутите во СССР/Русија и е втор отворен, на кој молба може да поднесе секој што сака (првиот ваков упис беше спроведен во 2012 година). Претходно можноста да станат космонаути ја имаа само воените пилоти и соработниците на ракетно-космичката гранка.

„Федерација“ и месечинската програма на Русија

Вселенските бродови „Федерација“ се серија пилотирачки транспортни бродови на Русија кои ќе дојдат како замена на пилотирачките бродови од серијата „Сојуз“ и автоматските космички товарни летала од серијата „Прогрес“. Екипажот на Федерација ќе биде составен од четири лица. Првиот автоматски лет на бродот без екипаж треба да биде изведен во 2021 година. По две години се планира првиот лет на „Федерација“ со екипаж од новиот руски космодром „Восточни“.

Претходно беше соопштено дека руската месечинска програма предвидува лансирање на Месечината на пет истражувачки мисии, започнувајќи од 2019 година. Русија ќе ја обнови месечинската програма која беше завршена уште во 1976 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња