Чебурни соопшти дека веќе неколку години се спроведува темелна модернизација на рускиот систем за ПРО. „Мислам дека во блиска иднина нашата земја ќе има навистина супермодерен систем за противракетна одбрана“, резимираше полковникот.
Информацијата за темелната модернизација на актуелниот систем за ПРО А-135 „Амур“ се појави уште есента 2012 година. Тогаш пензионираниот генерал-полковник на Стратешките ракетни сили Виктор Есин за РИА Новости изјави дека се „воведуваат ракети со нови уреди, се модернизира конструкцијата на овие ракето, како и сите останати елементи кои се дел на овој систем, вклучувајќи ги и склоповите за откривање цели и за извидување. Во текот на модернизацијата ќе бидат деконзервирани вкопаните силоси за лансирање ракети“.
Опасноста што со себе ја носи поставувањето на американскиот систем за ПРО во Европа во текот на последниве неколку години ја поттикна Русија сериозно да се зафати со создавање нов систем за противракетна одбрана. Тој ќе биде воведен наместо сегашниот систем А-135 „Амур“, а ќе ја носи ознаката А-235. Се работи во две насоки. Едната е проектот РТЦ-181М, што е всушност системот А-235, а другиот е „Самољот м“, кој подразбира и проектирање нови боеви глави за антибалистички ракети. Целиот процес се држи во строга тајност, така што постојат многу малку веродостојни податоци.
Според податоците што ѝ се достапни на јавноста, во системот од новата генерација треба да влезат и модернизирани приемници и системи на радарски станици „Дон 2НП“, кои наскоро ќе бидат заменети со радарската станица „Дон 2М“. Оваа радарска станица во 2009 година ја модернизираше концернот „Радиотехнички и информациски системи“. Командно-компјутерскиоте центри наместо застарениот компјутер „Ељбрус 2“ ќе го добијат новиот суперкомпјутер „Ељбрус 3М“. Предвидено е заедно со системот за ПРО да се користат и сателитските системи „Тајга“ за откривање стар на интерконтинентални балистички ракети. Изработката на овој систем е во тек.
Системот А-235 че покрива три слоја од атмосферата на Земјата. Антибалистичките ракети до голем висински дострел кои се прават врз основа на 51Т6, ќе можат да уништуваат цели оддалечени 1.500 километро на видина од 800 километри. Ракетите со среден висински дострел, односно обновениот систем 58Р6, се наменети за уништување на цели оддалечени 1.000 километри на висина од 120 километри, додека стратосферата ќе биде покриена со антибалистички ракети од помал висински дострел 53Т6М или 45Т6 (врз база на 53Т6) за цели оддалечени 350 километри на височина од 40-50 километри.
Антибалистичките ракети од голем висински дострел најверојатно ќе носат нуклеарно полнење, додека другите ќе имаат кинетичка боева глава. Во август 2014 година беше најавен почетокот на тестирањето на нови антибалистички ракети за системот А-235 „Самољот М“.
Сегашниот руски систем за ПРО кој се користи од 1971 година и кој е во составот на системот за одбрана на Москва и на централното индустриско подрачје, поседува радарска станица 5н20 „Дон 2Н“, два командно-компјутерски пункта 5К80 со компјутерски системи „Ељбрус“ и „Зарја“ поврзани со сателитските системи „Око“ и „Око 1“ за откривање старт на интерконтинентални балистички ракети, како и 32 антибалистички ракети со голем висински дострел 51Т6 и 68 антибалистички ракети со помал висински дострел 53Т6.
Антибалистичката ракета 51Т6 (А-925) „Азов“, која според класификацијата на НАТО има ознака SH-11/ABM-4 GORGON, може да пресретнува цели надвор од атмосферата. За жал овие ракети во 2002-2003 година беа повлечени од арсеналот зашто им беше истечен работниот век Тогаш нивните вкопани силоси за лансирање беа конзервирани, така што сега можат да се искористат за сместување нови антибалистички ракети со голем висински дострел.
Антибалистичката ракета со помал висински дострел 53Т6 (ПРС-1), која НАТО ја класификува како SH-08/ABM-3A GAZELLE, и понатаму се наоѓа на борбено дежурство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче