Руско приватно конструкторско биро создаде авион за ВКС

СР-10

СР-10

Sat-kb/wikipedia.org
На крајот на декември 2015 година кон руското небо полета најлесниот реактивен двосед-авион за обука СР-10. Ова стана сензација: за прв пат во историјата на руската авијација приватно конструкторско биро, без финансиска поддршка од државата, создаде „од нула“ авион, кој во перспектива може да ги потисне од пазарот авионите „китови“ во руската воздухопловна индустрија.

Авионот за обука СР-10, направен е целосно од руски делови, и ќе биде нешто помеѓу лесниот Јак-152 за основна летачка подготовка и учебно-воениот Јак-130. Сега ова место го зазема чешкиот L-39.

Направен на Кавказ со нордиски карактер

„На руските ВВС им е потребен лесен, едноставен и евтин учебен реактивен авион за замена на паркот од L-39, а рускиот воен ресор пројави интерес за проектот СР-10. ...Притоа поедноставен и поевтин во однос на Јак-130 од МиГ-АТ нема, па сега постои „дупка“ помеѓу Јак-152 за основна обука и учебно-воениот Јак-130“, изјави за порталот „АвиаПорт“ директорот на конструкторското биро „Современи авијатички технологии“ Максим Миронов.

СР-10 е разработен од приватно конструкторско биро во Москва и е направен од во Махачкала, за што и го доби неофицијалниот назив „Дагестанец“, - реактивен едномоторен авион со високи маневри со обратна стреловидност на крилјата. Не сосема обичната аеродинамична композиција која на авионот му дава футуристички изглед, го прави пилотирањето на авионот поедноставно. Машината дури и простува неколку грешки на пилотот кои се неизбежни во процесот на обуката. Притоа авионот нема ограничувања според фигурите на највисокото пилотирање. На СР-10 учениците можат да исполнуваат трикови како и на воените авиони од поколенијата 4 и 4+ (Су-27, Су-35, МиГ-29).

Реактивен пробив на приватната изградба на авиони

„Ова е пробив во приватната изградба на авиони. Да се создаде реактивен авион е највисоко ниво на технологија за секоја држава“, вели во интервју за „Руска реч на македонски“ раководителот на порталот aviator.guru, пилотот Виктор Галенко. „СР-10 има многу поевтин летачки час одошто другите машини. Тој е едноставен за производство. Машината е добра за обука на курсисти и за тренинг на пилоти во војската, со цел да не се расходува скапиот ресурс на воените авиони“, смета експертот.

Авионот засега минува низ фаза на тестирање во центарот „Громов“ покрај Москва. Веќе годинава  се планира производство на првите 16 авиони СР-10. Сериското производство ќе започне во 2017 година. Конструкторите сметаат дека рускиот воен ресор ќе го оценат добро нивниот авион и дека ВКС за првпат во историјата ќе можат во своето вооружување да примат авион кој е разработен од приватно конструкторско биро без добивање државни средства. Министерството за одбрана го чека завршувањето на тестирањето и, доколку тоа е успешно, е подготвено да купи 4 авиона. Потребата на воениот ресор за следниве 4 години се оценува на 100 авиони СР-10. За СР-10 се заинтересирани и голем број странски држави, каде воените пилоти летаат на чешкиот L-39, како и нивните руски колеги. Во моментов извозниот потенцијал на авионот се оценува на 200 машини.

Врз база на СР-10 се разработува проектот на беспилотен комплекс со беспилотни апарати „Аргументи“ – беспилотна верзија на СР-10. Информацијата за оваа разработка е веќе предадена на разгледување на претставниците од Министерството за одбрана, но одлука за иднината на овој беспилотен апарат во моментов не е донесена.

 

Општи карактеристики на авионот СР-10

 

Максимална полетна маса: 2.7 тони

Далечина на лет: 1.500 километри

Брзина: до 900 километри на час

Екипаж: 2 лица

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња