„Благодарни сме за 35 покани за новогодишната елка во Кремљ“, изјави претставник на амбасадата, пренесува „Взгљад“.
Тој одби да одговори колку покани ќе бидат искористени, повикувајќи се на тоа дека тој не може да ги коментира личните планови на семејствата на дипломатите.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин одби да одговори со реципрочни мери на својот американски колега Барак Обама, кој одлучи при крајот на својот претседателски мандат да протера 35 руски дипломати и нивните семејства надвор од земјата пред Нова Година.
Наместо тоа, Путин ги покани американските дипломати заедно со нивните деца да ги посетат новогодишните елки во Кремљ.
Министерството за надворешни работи на РФ ја објасни таа одлука, велејќи дека Русија ги земала предвид интересите на семејствата на американските дипломати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче