Русија, во одлучувањето за возвратни мерки на протерувањето на руските дипломати од САД, ги зеде предвид интересите на вработените во американските дипломатски претставништва и нивните деца, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.
Претходно претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Москва нема да протера никого како одговор на американските дејствија, иако руската страна ги има сите причини за соодветна реакција.
„Разбирајќи дека дипломатијата е заснована врз реципрочни возвратни мерки и чекори, ние го имавме предвид со целата сериозност и со целата сериозност го разгледавме прашањето за тоа како ќе се чувствуваат нашите американски колеги и нивните семејства. И, што е најважно, нивните деца, кои сега се подготвуваат за новогодишните празници и божиќниот распуст, како сега ќе бидат исклучени од учебниот процес и како ќе им требаат исто така 72 часа да си ги соберат работите и да си одат дома, токму на тој начин донесовме ваква одлука“, изјави Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче