Медиуми: руските подморници ќе станат невидливи за сонарите

Новиот систем ќе ги направи руските подморници невидливи за непријателот.

Руските подморници ќе бидат опремени со уникатни пиезокерамички антени кои овозможуваат да се преиначат сигналите на сонарите на бродовите и подморниците на противникот, пишува „Известија“ повикувајќи се на претставник на Министерството за одбрана.

Најновата разработка, која претставува полимерна фолија што го покрива трупот на подморницата, ќе се користи како за подморниците кои веќе се во употреба, така и за идните пловила од нова генерација.

Принципот на работа на системот е едноставен: звучниот сигнал на непријателските сонари, кога ќе дојде до фолијата, се анализира, преиначува и се праќа назад.

Разработката се наоѓа во висок степен на подготвеност, во најскоро време се планирани тестирања на одделни елементи на системот, истакна соговорникот на изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња