Репрезентацијата на Русија нема да биде под четвртото место според бројот на медали на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро. Ова стана познато откако Русинките го освоија златото во групно натпреварување во уметничка гимнастика, пренесува РИА „Новости“.
Вкупно во моментов руските спортисти имаат освоено 19 златни, 18 сребрени и 19 бронзени медали. Тие се недостижни за најблискиот конкурент според бројот на медали – репрезентацијата на Германија. Германците имаат шанси да е израмнат според бројот на златни медали со Русија, но сепак заостануваат според бројот на освоени сребрени и бронзени медали.
Лидер според бројот на медали е репрезентацијата на САД – таа засега има 43 злата, како и 37 сребрени и 38 бронзени медали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче