Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ги критикуваше меѓународните воени вежби „Удар на сабја“ (Saber Strike) што се одржуваат во балтичките земји и повика на дијалог и соработка со Русија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„Тоа што ние сега не треба да правиме, тоа ќе ја заостри ситуацијата со силно ѕвечкање на оружје и воени извици. Кој мисли дека симболичните тенковски паради на источната граница на НАТО ја зајакнуваат безбедноста, тој греши“, изјави дипломатот Штајнамер во интервју за „Билд ам Зонтаг“.
Според Штајнмаер, „фатално опасно е да се стеснува погледот само на воениот аспект и да се бара засолниште во политиката на заплашување“. Тој истакна дека паралелно со подготвеноста за одбрана треба да оди подготвеноста за дијалог и соработка. Германскиот министер за надворешни работи смета дека е потребно да се „вклучи и Русија во меѓународната партнерска одговорност“.
Претседателот на Комитетот на Државна дума за меѓународни работи Алексеј Пушков ја коментираше изјавата Штајнмаер на својот профил на „Твитер“.
„Штајнмаер истапи директно против „коњот“ на Столтенберг – влогот за заплашување на Русија. Така низ завесата од закани и хистерија се слушаат одделни гласови на разумот“, напиша Пушков, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче