Амелина упати писмо до Федералната служба за безбедност на Русија во кое детално објаснува зошто оваа наизглед невина игра е стратешки опасна и зошто мора да биде забранета во Русија.
Авторите на играта се поврзани со Гугл, а Гугл е финансиран од официјален фонд на ЦИА, пишува Валентина Амелина, а пренесува весникот „Комсомољскаја правда“.
„Тие на овој начин имаат решено важни картографски задачи, ги обновуваат сите податоци за патиштата, базите итн. А, порано картите беа стратешки важни, па дури и државна тајна. Во цивилните карти понекогаш дури и намерно се впишувале погрешни податоци. Автомобилите-роботи влегуваат во сите улички, ги имаат зацртано сите наши градови, возила, лица... Остана еден проблем. Како да се влезе во нашите домови, подруми, темни алеи, касарни, државни институции итн. И ете, се создава генијална вирусна игра Pokemon Go.
Амелина понатаму пишува дека во потрагата за покемони и во обидите за нивно сликање ние всушност му ги предаваме фотографиите на просториите во кои се наоѓаме на некој што не ни знаеме кој е, а тоа значи и географските координати и аголот на наклон на телефонот.
„Ви честитаме! Само што го снимивте целиот ваш стан! Со други зборови, нé следат и продолжуваат да нé следат“.
А, покрај доброволното и весело картографирање на сé и сешто, се отвора уште една можност, пишува понатаму Русинката. „Доколку 'самите занете кој' посака од овој момент да дознае што се прави во Државната дума, ќе почнат да вибрираат телефоните на пратениците на парламентот, на чистачите, на новинарите: Пикачу е во близина, ќе ви каже вашиот телефон. И пресреќните луѓе ќе побрзаат што побргу да ги вклучат камерите и микрофоните“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче