Русија може да ја обнови важноста на договорот со САД за плутониум во случај на намалување на воената инфраструктура и бројноста на контингентите на американската војска распоредена на територијата на земјите-членки на НАТО, како и при укинување на санкциите и законот на Магнитски, се вели во диспозицијата објавена во базата на податоци на Државната дума на РФ, пренесува РИА „Новости“.
Претходно беше соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин поднесе во Државната дума предлог-закон за запирање на важноста на договорот со САД за користење плутониум.
Според текстот на законот, одлуката за обнова на важноста на договорот и неговите протоколи ја носи претседателот на Руската Федерација.
Во документот се прецизира дека важноста на договорот и протоколите може да се продолжи по отстранувањето на причините од страна на САД кои доведоа до радикална промена на околностите кои постоеле на денот на стапувањето во сила на договорот и неговите протоколи под услов да се намали воена инфраструктура и бројот на војници на силите на САД стационирани на територијата на земјите-членки на Северно-атлантската организација (НАТО) кои се приклучија на НАТО по 1 септември 2000 година, на нивото на кое се наоѓаа на денот на стапувањето во сила на Договорот и протоколите на договорот.
Исто така, меѓу условите се и укинување на законот на Сергеј Магнитски, насочените против Русија одредби на законот на Соединетите Американски Држави од 2014 година за поддршка на слободата на Украина, како и сите санкции наметнати од страна на САД против руските субјекти, правни и физички лица.
Покрај тоа, се наведува и компензација на штетата која Русија ја претрпе како резултат на наметнувањето на санкциите, вклучувајќи ги и загубите од воведувањето на принудните контрасанкции против САД и презентирање јасен план од страна на САД за неповратно користење на плутониум опфатен со договорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче