„Дали е можна војна со Русија?“ – тоа е темата на полемиката меѓу американските историчари кои се занимаваат со историјата на Русија и СССР, Стивен Коен и Џон Бечлор. Според мислењето на Коен, „последниве две недели администрацијата на Обама на сите фронтови на студената војна ја поткопува соработката со Москва“, пишува „Нација“.
Одбивајќи да го прифати сосем убедливиот, според мислењето на Коен, аргумент на рускиот претседател Путин за тоа дека само сириската армија и нејзините сојузници се борат ефикасно против ИД, Вашингтон и нему потчинетите медиуми ја осудуваат сириско-руската воена кампања против „умерената опозиција“, од која многумина членови се сметаат себеси за џихадисти. Како што тврди Коен, тоа ги загрозува женевските мировни преговори.
За конфронтацијата во Украина Стивен Коен пишува: надежта дека ќе се заврши граѓанската и хибридна војна која постоеше во периодот на потпишувањето на „Минската спогодба“ беше саботирана од Обединетите нации, кога постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер бараше враќање на Крим во составот на Украна. Иако, објаснува Коен, Крим воопшто не беше споменат во „Минската спогодба“. Додека во Европа мнозинството се за укинување на санкциите против Русија, американската администрација е одлучно против тоа.
Професорот по историја смета дека НАТО на чело со САД продолжува да ја јакне својата моќ на копно, вода и во воздух покрај руските граници. Не е необично што Москва се обидува да одговори на тоа, што испраќа воени авиони да набљудуваат американски воен брод што се наоѓа во близина на руската воена база во Калининград.
Меѓутоа, Вашингтон и Брисел, јакнејќи го своето присуство покрај руските граници, ја обвинуваат Москва за „провокации против НАТО“. Стивен Коен се прашува: кој кого провоцира овде? Ваквите потези на НАТО, додава Коен, можат да ги потсетат жителите на Русија на инвазијата на нацистите 1941 година, последниот пат кога непријателски сили биле групирани на границите на нивната земја.
Според Коен, влијателна политичка група во Кремљ веќе мошне долго, зад затворени врати инсистира на тоа дека Западот на чело со САД се подготвува за отворена војна против Русија и дека Путин не ја подготвил земјата за тоа. Последниве две недели ова расположение излегува на виделина и веќе тројца членови на руската политичка елита го обвинија Путин дека ја поддржува петтата колона – владата на чело со Дмитриј Медведов. Како што тврди Стивен Коен, тие нема да го гибаат Путин, затоа што неговиот рејтинг е премногу висок и за него не постои алтернатива. Но тие сакаат да ја сменат неговата влада и да му ја наметнат на Путин својата политика. Според информациите на Коен, оваа политика подразбира поголема воена активност во странство, вклучувајќи ја Украина, како и мобилизација на стопанството за војна, како што се правеше во СССР. Коен исто така се прашува дали НАТО и САД одат во војна против Русија свесно или несвесно, како „во сон”, пишува „Нација“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче