Руските лизгачи Павел Кулижников, Екатерина Константинова и натпреварувачот во брзо одење Семјон Елистратов, осомничени за допингување, можат да се најдат под амнестија на Светската антидопинг агенција (WADA) и да ја избегнат казната. Ова го соопшти ТАСС повикувајќи се на првиот човек на Сојузот на лизгачи на Русија (СКР) Алексеј Кравцов. Функционерот изјави дека концентрацијата на мелдониум во допинг-примероците на спортистите е значително помала од дозволената норма од 1 микрограм која беше објавена од WADA во средата, 13 април.
Амнестирана може да биде и Марија Шарапова, изјави претседателот на Тениската федерација на Русија Шамил Тарпишчев, прецизирајќи дека одлуката ќе биде донесена од Меѓународната тениска федерација (ITF). „Процесот се одвива добро, сметам дека ќе добиеме. Има надеж Марија Шарапова да игра на Олимпијадата“, изјави Тарпишчев во интервју за РИА „Новости“.
На 13 април WADA ги објави податоците од временото истражување за супстанцата мелдониум која беше забранета од 1 јануари 2016 година. Така, содржината на мелдониум помала од 1 микрограм на 1 милилитар (1 мкг) во допинг-примерокот на спортистот, даден до 1 март 2016 година, беше признаена за дозволива. Наведената концентрација во WADA ја сметаат како доказ за ненамерно примање на препаратот.
Допинг-примероците на 158 спортисти од 15 земји дадоа позитивен резултат на мелдониум, соопштува ТАСС. Според информациите на ТАСС, најмалку 31 руски спортист се осомничени за користење на забранетата материја, меѓу нив и тенисерката Марија Шарапова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче