Запорошка нуклеарна централа. Фотографија: Rehman
Аналитичарите не ја исклучуваат можноста дека обидот „да се земат под контрола“ украинските нуклеарни објекти (во Украина има 4 нуклеарни централи) може да се повтори. Украинските власти веќе признаа дека не се во состојба да ги заштитат своите нуклеарни објекти, и уште на 2 март Врховната Рада побара меѓународна помош за нивно чување. На запад не му е потребен нов Чернобил, па затоа, според некои податоци, за обезбедување на украинските нуклеарни објекти во земјата веќе допатувале специјалисти на НАТО. Така, Европската агенција за атомска енергија ѝ даде на украинската компанија Енергоатом (оператор на сите четири украински нуклеарни централи) кредит од 300 милиони долари, а истата сума на пари ја даде и Европската банка за реконструкција и развој.
Кога станува збор за безбедноста најважното се состои во тоа единствениот комплекс (активната зона на реакторот, системите на нуклеарна безбедност, прачките со кои се регулира можноста на реакторот) да не излезат од контрола. Да не започне верижна реакција. Доколку во активната зона има некакво нарушување, можат да се појават сериозни проблеми.
Рафаељ Арутјуњан, Институт за безбедност во развојот на нуклеарната енергетика при Руската академија на науките
Сепак, проблемот е во тоа што заканата за украинските нуклеарни централи не произлегуваат само од бунтовниците на „Десниот сектор“, туку и од самите украински власти. Со оглед на тоа дека нуклеарните централи, според различни оцени, произведуваат 45-50 % од енергијата на Украина, владата има решено да добие „независност“ на овој сектор од Русија. Имено, тие би купувале нуклеарно гориво не од руските доставувачи, туку од американската компанија Westinghouse.
За Американците ваквиот договор има големо значење, особено откако Германија се откажа од нуклеарната енергетика. „Овој договор ќе обезбеди 5-10% од нашите испораки на гориво во Европа. А, кога ќе почне да се зборува за сите 15 реактори (засега горивото ќе се доставува само за некои од објектите – заб. ред.), овој показател може да достигне и 20-25% од нашиот европски бизнис“, вели потпретседателот на Westinghouse Мајк Керст. Сепак проблемот е во тоа што американското гориво не е погодно за украинските реактори. И ова не се само празни зборови – Украина веќе се обидуваше да го искористи ова гориво во 2012 и во 2013 година, а пробите за малку ќе завршеа со катастрофа.
Конфузијата се случи делумно поради нискиот квалитет на производството на Westinghouse. „Оние што не се специјалисти мислат дека (да се замени едно нуклеарно гориво со друго – заб. ред.) е едноставно, исто како што јагленот од Донбас може да се замени со јагленот од Полска. Но, Westinghouse насекаде на светскиот пазар губи според квалитетот од руското гориво. Тоа е факт, кој денес не може да се оспори“, вели советникот на генералниот директор на Националниот научен центар „Харковски физичко-технички институт“, почесен член на Украинската нуклеарна асоцијација Михаил Уманец.
Украинските власти веќе признаа дека не се во состојба да ги заштитат своите нуклеарни објекти, и уште на 2 март Врховната Рада побара меѓународна помош за нивно чување.
Сепак, главниот проблем во отсуството на можност за поклопување е тоа што поставувањето на американски уреди за одделување на топлината од американско производство на нуклеарна централа која е изградена според советски проекти не е безбедна, зашто тие едноставно не се компатибилни. Како резултат на тоа, за време на планскиот преглед на активните зони на неколку американски уреди кои беа поставени на реакторите на два украински енергетски блока, беа пронајдени сериозни механички неисправности и деформации. „Термомеханичките карактеристики што доведуваат до искривување, на крајот можат да доведат до тоа да не биде можно да се извади горивото, - објаснува заменик-директорот на Институтот за безбедност во развојот на нуклеарната енергетика при Руската академија на науките Рафаељ Арутјуњан. – Кога станува збор за безбедноста најважното се состои во тоа единствениот комплекс (активната зона на реакторот, системите на нуклеарна безбедност, прачките со кои се регулира можноста на реакторот) да не излезат од контрола. Да не започне верижна реакција. Доколку во активната зона има некакво нарушување, можат да се појават сериозни проблеми“. И тука не станува збор за човечки фактор и за непрофесионалност на украинските инженери – со слични проблеми на некомпатибилност се судрија и Словенија, Чешка и Финска кои имаа купено американско гориво (нивните реактори се изградени по советски пример), по што тие се вратија на руските партнери.
Како резултат на експериментот украинските власти изгубија десетици милиони долари, ги отпуштија домашните службеници одговорни за доставка и официјално забранија користење американско гориво во украинските нуклеарни централи. Сепак, денешната власт од политички причини го обнови експериментот, наведувајќи ја како оправдување изјавата на Westinghouse за тоа дека Американците го подобриле квалитетот на својот производ. Специјалистите по атомска енергија велат дека ова ветување не значи ништо. Претседателот на Државната инспекција за нуклеарно регулирање на Украина Елена Миколајчук, без директно да се спротивстави на договорот со Американците, побара да се спроведат неопходните процедури за адаптација и лиценцирање на американското гориво. Како одговор на тоа, властите, не сакајќи да создаваат проблеми за Westinghouse и да го одолговлекуваат договорот, едноставно ја тргнаа од позицијата и ја заменија со попослушниот менаџер Јуриј Недашковски од Енергоатом. Тој не зборуваше за лиценцирање, туку за „ослободување од руската зависност“.
Откако го сменија доставувачот од политички причини, украинските власти не само што ја ставија под знак прашање безбедноста на своите нуклеарни централи, туку дадоа и согласност за загадување на природната средина. Американското гориво ќе треба некаде да се чува (САД одбиваат да го враќаат на својата територија), па затоа американската компанија „Холтек интернешнл“ ќе започне изградба на централизиран пункт за чување на потрошеното нуклеарно гориво недалеку од Киев. Секако, парите ќе бидат од украинскиот буџет, во кој и онака зјае голем дупка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче