„Гаспром“ се договори со „Нафтогас“ за авансно плаќање и почеток на испораката на гас

Украинската страна испратила барање за испорака на 2 милијарди кубни метри гас за октомври, соопшти „Гаспром“.

НАК „Нафтогас на Украинa“ испрати до „Гаспром“ барање за испорака на 2 милијарди кубни метри гас за месец октомври. Испораките ќе почнат на 12 октомври доколку за гасот биде платено во петокот, соопшти „Гаспром“, а пренесува „Интерфакс“.  

„Штотуку беше постигнат договор со „Нафтогас на Украина“ дека денеска ќе биде уплатен аванс за испорака на гас во октомври. По доспевањето на паричните средства на сметката, од 10 часот наутро на 12 октомври „Гаспром“ ќе почне со испорака на гас за Украина. Украинската страна испрати на наша адреса барање за обем од 2 милијарди кубни метри гас за октомври“, се вели во соопштението.

Истовремено страните се подготвени да ги бранат своите ставови пред Арбитражниот суд во Стокхолм, а како што се соопштува, Украина е подготвена да потроши 2,5 милиони евра за одбрана, соопштува „Газета.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња