Москва испрати до Анкара два предлога за „Турски тек“

Москва упати до Анкара два предлога за меѓувладината спогодба за гасоводот „Турски тек“ – за еден крак и за четири краци, соопшти Министерсвото за енергетика на Русија.

„На Турција ѝ испративме два предлога. Едниот предлог е за изградба на еден крак, а вториот за четири краци на гасоводот. Турската страна ги разгледува овие предлози“, изјавија од прес-службата на Министерството за енергетика на РФ за агенцијата ТАСС,  а пренесува весникот „Взгљад”.

Во петокот, 7 август, беше соопштено дека рускиот холдинг „Гаспром” ја преиспитал конфигурацијата на гасоводот „Турски тек“. Тој би можел да биде два пати, па и четири пати помал од порано најавуваниот формат од четири краци на гасоводот за 63 милијарди метри кубни гас.

На 4 август беше соопштено дека е одлучено меѓувладината спогодба меѓу Анкара и Москва за гасоводот „Турски тек“ и договорот за попуст на гас од 10,25% да бидат потпишани истовремено по формирањето на новата влада на Турција.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња