Американските сенатори сметаат дека светската заедница треба да изврши притисок врз ФИФА за да го одземе на Русија правото за одржување на Светското фудбалско првенство во 2018 година поради случувањата во Украина.
„Ако после падот на авионот и воведувањето санкции од страна на ЕУ Путин и понатаму продолжува да го игнорира мислењето на меѓународната заедница, праќа оружје во Украина – тогаш не разбирам како светската заедница може да го награди него и неговата влада со правото за одржување на важен турнир од планетарно значење.
Треба да се договориме да ѝ го одземеме на Русија правото за одржување на СП 2018 до крајот на оваа година. Не треба да се чека Путин да се смири. Што ако во 2017 и 2018 повторно се случи криза во Украина?, изјави американскиот сенатор Крис Марфи за Goal.
СП 2018 треба да се одржи во Русија од 8 јуни до 8 јули 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче