На денешен ден: Заврши Втора Светска Војна

Јапонскиот министер за надворешни работи Мамору Шигемицу го потпишува Актот за Капитулација на Јапонија на американскиот крстосувач „Мисури“

Јапонскиот министер за надворешни работи Мамору Шигемицу го потпишува Актот за Капитулација на Јапонија на американскиот крстосувач „Мисури“

Wikipedia
На 2 септември Русија го слави завршетокот на Втора Светска Војна.

На 2 септември Русија го слави завршетокот на Втората Светска Војна. На овој ден во 1945 година, на американскиот воен брод „Мисури“ во присуство на претставници на сите земји сојузници кои војуваа против Јапонија, вклучувајќи го и Советскиот Сојуз, потпишан е Актот за Капитулација на Јапонија. Овој ден на сеќавање официјално е воспоставен во Русија во 2010 г.

Најголемата војна во историјата траеше од 1 Септември 1939 г. до 2 Септември 1945 г. Во судирите учествуваа 61 земја. Големата Татковинска Војна, во која Советскиот Сојуз беше нападнат од страна на Нацистичка Германија, започна на 22 јуни 1941 г. и заврши на со падот на Берлин на 8 мај 1945 г.. Русија го слави Денот на Победата на 9 мај.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња