На денешен ден: извршен е атентат над советскиот политичар Лав Троцки

Фотографија од архива
Лев Троцки беше еден од водачите на Октомвриската револуција во Русија. Меѓутоа, во 1923 г. тој влезе во остар судир со Јосиф Сталин.

Троцки беше протеран од партијата и од земјата во 1929 г., од кадешто ја продолжи својата политичка активност против Сталинизмот.

На 21 август 1940 г., агент на НКВД (шпански комунист по име Рамон Меркадер) пристигна до куќата во која беше сместен Троцки во предградијата на Мексико Сити и му зададе неколку удари по главата со алатка за разбивање на мраз во неговата канцеларија. Троцки беше однесен во болница и над него беше извршена операција, но тој сепак утредента им подлегна на повредите поради големото количество на загубена крв и силниот шок на организмот.

Наводно, неговите последни зборови биле: „Јас нема да го преживеам овој напад. Сталин конечно успеа во задачата која претходно не успеваше да ја заврши. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња