На денешен ден: Царот Александар I ги забранува тајните масонски друштва

Прстен со масонски симболи.

Прстен со масонски симболи.

Големата ложа на Русија
Движењето на слободните ѕидари вклучува голем број познати руски јавни личности.

Првите масонски ложи во Русија се појавуваат на почетокот на 1730-тите години. Меѓу масоните во Русија има истакнати јавни личности, како што се Александар Суворов, Михаил Кутузов и Александар Грибоедов.

На почетокот владата на Александар I ги дозволува активностите на масонските друштва, обидувајќи се да ги искористи за своите интереси. Но, набрзо станува јасно дека масоните се тесно поврзани со револуционерни идеи.

На 13 август 1822 година царот Александар I го издава указот „За забрана на тајните друштва и масонските ложи“. И покрај тоа, масоните ќе продолжат да дејствуваат во Русија до 1918 година, кога се отстранети од страна на советските власти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња