Командант на ВКС: Руските пилоти ќе стават ред во Сирија

Пилоти на руски ловец Сухој Су-34 во воздухопловната база Хмејмим. 4 октомври 2015, Латакија, Сирија.

Пилоти на руски ловец Сухој Су-34 во воздухопловната база Хмејмим. 4 октомври 2015, Латакија, Сирија.

ТАСС
Во текот на прославата во подмосковскиот парк „Патриот“ во чест на Денот на Воздушно-космичките сили на Русија, командантот на ВКС генерал-полковник Виктор Бондрев изјави дека редот во Сирија ќе биде воспоставен благодарение на несебичната работа на руските пилоти.

Како што изјави командантот на ВКС на Русија, во моментов руските пилоти на небото на Сирија го воспоставуваат уставниот поредок исполнувајќи ја својата меѓународната должност.

„Благодарение на Воздушно-космичките сили на Русија таму ќе биде ставен ред. ’Рбетот на меѓународниот бандитизам ќе биде скршен“, изјави Бондарев, пренесува „Взгљад“.

Тој исто така изјави дека во текот на стоте години од постоењето Военото воздухопловство на Русија постигнувало успеси благодарение на упорната работа и обука на пилотите. „Посебни честитки и посебна почит за оние кои сега се наоѓаат во Сирија. Ние не се сомневаме во нив и им посакуваме бројот на полетувања секогаш да биде еднаков на бројот на слетувања“, изјави командантот на руските ВКС.

По говорот Бондарев им врачи на државни одликувања на пилотите кои се истакнале во својата работа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња