На денешен ден: Отворен меѓународниот аеродром Шереметјево

„Илјушин“ Ил-62M патнички млазен авион на „Аерофлот“ поставен како историски споменик во северниот дел на аеродромот Шереметјево во близина на првиот патнички терминал отворен 1959 година.

„Илјушин“ Ил-62M патнички млазен авион на „Аерофлот“ поставен како историски споменик во северниот дел на аеродромот Шереметјево во близина на првиот патнички терминал отворен 1959 година.

Transport Photo Images/Global Look Press
Тоа е најголемиот комплекс на терминали во Русија.

На 11 август 1959 година авион „Туполев“ Ту-104 што леташе од Ленинград слета на Шереметјево и првпат беа изведени голем број на комерцијални и технички одржувања од страна на аеродромските служби. Овој ден се смета за официјален роденден на Меѓународниот аеродром Шереметјево.

На 1 јуни 1960 година се реализираше првиот меѓународен лет од Шереметјево до аеродромот Шонефелд во Берлин. Во октомври 1967 година авион „Илјушин“ Ил-62 го изведе првиот лет до Париз, а во ноември 1967 беше закажан првиот лет до Њујорк.

Денес Шереметјево е најголемиот руски аеродром за меѓународни летови (повеќе од 200 дестинации во светот). Речиси 150 авиокомпании реализираат летови од Шереметјево до повеќе од 100 земји. Исто така, тоа е најголемиот комплекс на терминали во Русија - има  5 патнички терминали (терминалите А, С, D, E, F). Секоја година аеродромот опслужува повеќе од 30 милиони патници и повеќе од 250000 летови. На тој начин овој аеродром е најпрометниот во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.