Полковник Евгениј Н. Преображенски, командант на советскиот 1 Торпедо бомбардерски полк, проверува еден од бомбардерите под негова команда пред нападот на Берлин на 7-8 август 1941.
Getty ImagesВо август 1941 година, додека нацистите напредуваа кон Москва, Смоленск падна, Ленинград беше во смртна опасност и Хитлер изјави дека Советите речиси ја загубија војната, Советскиот Сојуз почна со бомбардирање на Берлин. На 8 август 1941 година, советските авиони исфрлија бомби врз Берлин за прв пат. Морнаричките бомбардери кои оперираа од архиепелагот Мунзунд, извршија 8 напади врз Берли со 3-12 авион во секој напад под команда на полковникот Евгениј Н. Преображенски.
Бомбардирањето беше одговор на нацистичкото бомбардирање на Москва на 22 јули и продолжи до почетокот на септември. И покрај фактот дека оваа кампања не предизвика значителна воена штета на нацистичка Германија, имаше важен психолошки ефект. Всушност, на 8 август, германското радио објави дека во текот на ноќта градот Берлин бил бомбардиран од страна на британските авиони, од кои некои беа уништени. Сепак, Велика Британија негираше каков било напад, а советската страна го потврди успешното бомбардирање на Берлин со тоа што сите авиони се вратија без оштетување.
Истиот ден Сталин ја потпиша Посебната наредба #0265 „За унапредување на учесниците во бомбардирањето на Берлин“ со која, покрај неговата благодарност, секој од членовите на посадите доби и дополнителна плата. Пет од членовите на екипажите на бомбардерите се прогласени за Херои на Советскиот Сојуз за време на Големата Татковинска Војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче