Киднапирање. Кадар од советскиот филм „Кавкаската заробеничка“.
kinopoisk.ruНаводниот киднапер на британскиот модел во Италија се обидувал да ја продаде информацијата за инцидентот на англиски таблоид и да ја обвини за киднапирањето „руската мафија“, пишува весникот „Дејли Телеграф“.
Клои Ајлинг пристигнала во Милано за фото сесија на 11 јули, но на местото на средбата со потенцијалните работодавачи ѝ била дадена инјекција со дрога, била врзана и во торба транспортирана до селска куќа во околината на Торино. Заточението траело една недела. Цело време девојката била врзана со лисици за плакар, а киднаперот се обидувал да ја продаде својата жртва на „Дарк нет“ за сума во биткоини еквивалентна на 300 илјади евра.
Киднаперот решил да ја ослободи Британката на 17 јули откако дознал дека таа е мајка на двегодишно дете, а продажба на мајки наводно не била „според неговите правила“. Со таа цел тој ја донел девојката да зградата на британскиот конзулат каде бил приведен од припадниците на безбедносните органи. Се соопштува дека станува збор за полски државјанин кој живее во Велика Британија по име Лукас Павле Херба.
Како што истакнува изданието, два дена по киднапирањето Херба напишал писмо со наслов „Британски модел киднапиран од руската мафија“ до таблоидот „Дејли Мирор“ и, се претпоставува, се обидел да ја продаде информацијата за инцидентот и фотографии од моделот. Како што раскажал Херба на италијанската полиција, „руската мафија“ тој ја споменал за да „привлече внимание“. Британскиот модел изјави дека „воопшто ништо не знаела за тоа“, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче