Претседателот на Хакасија соопшти што готвеле со Путин на одморот во Сибир

Плескавици од штука.

Плескавици од штука.

Alamy/Legion-Media
Рускиот претседател е „многу едноставен во комуникацијата, има бистар ум и неверојатна меморија“

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателите на републиките Тува и Хакасија во текот на патувањето низ Сибир готвеле рибја чорба и фини плескавици од штука. Ова го соопшти портпаролот на првиот човек на Хакасија Николај Денисов повикувајќи се на претседателот на Хакасија Виктор Зимин.

„Јадеа што ќе уловат. Овде има многу дивеч и риба. Готвеа многу вкусни и фини плескавици од штука, рибја чорба и други јадења“, изјави Денисов, пренесува „Взгљад“.

Според него, Зимин го нарекол одморот момент во животот кој долго ќе му остане во сеќавање. Зимин потенцираше дека „Путин е многу едноставен во комуникацијата, има бистар ум и неверојатна меморија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња